Израел и Либан наводно се согласиле за целосно примирје — Ерусалим продолжи со нападите
Израел и Либан се согласија да спроведат прекин на огнот за да ги запрат непријателствата, објави администрацијата на Трамп, додека САД се обидуваат да ја надминат една од најголемите пречки за постигнување поширок договор за завршување на војната со Иран.
Препорачано
Прекинот на огнот меѓу Израел и Либан е условен со целосен прекин на огнот од вооружената група Хезболах, која е поврзана со Иран, како и со евакуација на сите нејзини борци од областа јужно од реката Литани, во Јужен Либан, се наведува во заедничкото соопштение објавено од американскиот Стејт департмент по преговорите во Вашингтон.
И покрај заедничката обврска за прекин на огнот, Израел денеска утрото изврши повеќе напади со дронови во областа Набатие, во Јужен Либан.
Двете страни, кои немаат формални дипломатски односи, се согласија и да создадат „пилот-зони“ во кои либанските вооружени сили „ќе преземат исклучива контрола врз територијата, со исклучување на сите недржавни актери“.
Нетанјаху на војската ѝ наредил да се движи подлабоко во Либан – целта е нов напад врз Хезболах
Претставник на Хезболах изјави дека групата нема да прифати делумен прекин на огнот, а самата организација не учествувала во разговорите во Вашингтон. Во заедничкото соопштение на САД, Израел и Либан не е прецизирано кога израелските сили би се повлекле од Јужен Либан, каде што Израел држи под контрола најмалку 608 квадратни километри долж границата.
Иако примирјето требаше да стапи во сила на 17 април, борбите продолжија, при што двете страни меѓусебно се обвинуваа за прекршувања.
Последните разговори во Вашингтон беа четврта рунда директни контакти меѓу либански и израелски дипломати од обновувањето на борбите на 2 март, кога Хезболах повторно почна напади врз Израел во знак на поддршка за Иран.
Трамп се обидува разговорите за Либан да ги одвои од преговорите за Иран, но Техеран инсистира дека конфликтите се поврзани. Иран предупреди дека би можел да ги суспендира разговорите со Вашингтон ако продолжи израелската офанзива во Либан. Истовремено, во регионот се проширија и нови тензии по нападите врз Кувајт и во близина на Ормускиот Теснец.
Министерот Бен Гвир го критикува Нетанјаху: Време е да му кажеме „не“ на Трамп


