Министерот Бен Гвир го критикува Нетанјаху: Време е да му кажеме „не“ на Трамп

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вчера се соочи со остри критики откако откажа бомбардирање на Либан под притисок од американскиот претседател Доналд Трамп, пренесе Анадолија.

Коалицискиот партнер на Нетанјаху, Итамар Бен Гвир, јавно го повика премиерот да му каже „не“ на Трамп.

„Господине премиере, рековте дека силен премиер му вели на претседателот на САД ‘да’ кога е возможно, а ‘не’ кога е потребно. Сега е време да му кажеме ‘не’ на нашиот пријател, претседателот Трамп. Сега е време да се направи она што е неопходно и потребно за да му се зададе удар на Хезболах, да им се одврзат рацете на нашите борци и да се врати безбедноста на северот“, порача Бен Гвир на Икс.

Поранешниот министер за одбрана Авигдор Либерман, исто така, го критикуваше израелскиот премиер.

— Нетанјаху не е премиер, туку марионета — изјави тој.

Нетанјаху вчера утрото ѝ наредил на израелската армија да изврши воздушни напади врз либанската престолнина Бејрут како одговор на, како што тврди, нападите на Хезболах.

Сепак, израелските медиуми објавија дека премиерот ги откажал нападите по американска интервенција.

Нетанјаху на војската ѝ наредил да се движи подлабоко во Либан – целта е нов напад врз Хезболах

Според американскиот медиум „Аксиос“, Трамп во телефонски разговор му се развикал на Нетанјаху поради ескалацијата на конфликтот во Либан од страна на Израел.

Според нивните тврдења, Трамп го нарекол Нетанјаху „луд“ и го обвинил дека е неблагодарен.

Разговорот се случил откако Иран претходно во текот на денот се закани дека ќе ги прекине разговорите со САД за израелските воени активности во Либан.

Според еден американски функционер, Трамп му рекол на Нетанјаху дека неговите закани за бомбардирање на либанскиот главен град дополнително ќе го изолира Израел на меѓународната сцена.

„Луд си. Ќе беше во затвор да не бев јас. Ти го спасувам задникот. Сите те мразат сега. Сите го мразат Израел поради ова“, рекол Трамп според изворите.

Израел продолжи со нападите врз Либан и покрај примирјето што стапи во сила на 17 април и беше продолжено за 45 дена по индиректни разговори посредувани од САД.

Според либанското Министерство за здравство, во израелските напади од 2 март наваму загинале повеќе од 3.400 луѓе низ целата земја.

Нетанјаху на војската ѝ наредил да се движи подлабоко во Либан – целта е нов напад врз Хезболах

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот