Камерите на Ул. Орце Николов - Фото Слободен печат - Методи Здравев
Камерите на Ул. Орце Николов - Фото Слободен печат - Методи Здравев

Општината ќе поставува камери на јавни површини во Бутел: Има ли проценка како ќе влијаат врз заштитата на личните податоци?

Општина Бутел не можејќи на друг начин да се справи со уништувањето на урбаната опрема и на детските игралишта, проблемот ќе го решава со видеонадзор. Оттаму најавуваат дека започнале со активностите за поставување камери на јавните површини, со што очекуваат да се намалат девијантните појави.

Изминатиот период сведоци сме на уништување на јавните површини, детските игралишта, спортско-рекреативните центри, како и парковите. Се обидовме да ја заштитиме урбаната опрема, особено детските игралишта, спортските терени, но по сите напори уништувањето продолжива. Дел од терените не траат ниту два месеци, се кршат детските реквизити, обрачите на спортските игралишта, се крши буквално целата урбана опрема – информира градоначалникот Дарко Костовски.

Снимките од надзорот ќе може да се користат за евентуална судска кривична или прекршочна постапка единствено по налог на надлежните институции, со целосно почитување на законите.

Костовски апелираше до граѓаните да го чуваат општинскиот имот и совесно да ја користат урбаната опрема.

Камерите на „Орце Николов“ пет години џабе висат по канделабрите, ниту се во употреба ниту се знае дали ќе бидат

Ваква слична одлука, пред две години беше донесена и во Општина Центар, но камерите никогаш не беа поставени поради тоа што со нив се кршеа правата на граѓаните за заштита на личните податоци.

На улицата „Орце Николов“ пак веќе пет години се поставени камери кои досега не се вклучија, затоа што според законот при користење нови технологии за обработка на податоци на јавни површини, мора да се изврши проценка на влијанието на предвидените операции  во однос на заштитата на личните податоци.

Очекуваме  Општина Бутел, која поставувањето на камерите го најави за скоро време, да одговори дали извршила проценка на влијание и дали за евентуалното нивно поставување има согласност од Агенцијата за заштита на лични податоци.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот