Фото: Архива

Илина Соколовска ја одведе Македонија на Светско првенство во ритмичка гимнастика

Илина Соколовска успеа да ги собере потребните бодови и да ја одведе Македонија на Светското првенство во ритмичка гимнастика на кое во август Франкфурт ќе биде домаќин.

Клучните бодови Соколовска ги освои на последниот натпревар во Варна, а по настапот не го криеше задоволството што ќе има прилика да ја претставува Македонија.

„Два месеци претстојував во Баку на подготовки. За време на тренинг кампот учествував на силни турнири. Премногу сум благодарна на Љупчо Арнаудов, претседателот на ФГСРМ, кој ми овозможи да бидам на тренинг камп во Азербејџан.

Иако ќе ја претставувам Македонија на европски и светски натпревари моите родители ги покриваат сите трошоци“, изјави таа за Спортското радио 90.3

Инаку, Соколовска долги години живее во Германија каде што се натпреварува во Бундеслигата. За Македонија пак ова ќе биде второ учество на Светско првенство во гимнастика или ритимчка гимнастика, претходно Рејчел Стојанов беше првата Македонка на еден ваков голем собир.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот