Карл Ентони Таунс/Вембањама EPA/ADAM DAVIS

ВИДЕО | Вемби трагичар, Њујорк дојде на половина пат од титулата

Сан Антонио беа поразени од Њујорк со 105:104 во вториот натпревар од НБА финалето и сега имаат негатива од 2:0 во серијата што се игра до четири победи.

Трагичар на натпреварот беше Виктор Вембањама. Спарс во средината на последната четвртина имаа негатива од 14 поени, но со серија од 14:0 успеаја да се вратат во игра. Францускиот центар на помалку од една минута до крајот постигна кош со дополнително слободно фрлање и накратко му донесе водство на својот тим.

При резултат 104:104 и околу 14 секунди до крајот, Џејлен Брансон промаши шут преку Вембањама, кој го обезбеди скокот. Наместо мирно да ја организира последната акција, Вембањама се обиде да му додаде на Стефон Касл, но неговиот соиграч не ја забележа топката и таа заврши во рацете на Брансон.

Во продолжението на нападот, Вембањама направи прекршок врз бекот на Никс, кој реализираше едно од двете слободни фрлања за водство од 105:104.

„Потребно ми е повеќе смиреност. Повеќе контрола врз натпреварот. Јас го загубив овој натпревар, направив грешка“, изјави Вембањама по натпреварот.

Карл Ентони Таунс кај Њујорк беше најефикасен со 21 поени, Брансон и Бриџис додадоа по 20, а Вембањама средбата ја заврши со 29 поени меѓутоа тоа беше мала утеха.

Спарс сега се селат во Њујорк, каде што третиот натпревар ќе се игра во понеделник, а четвртиот во среда. Доколку сакаат да останат во трката за шампионската титула, ќе мора да слават барем еднаш во „Медисон Сквер Гарден“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот