„Воообичаено, без резултати“: нов неуспешен состанок на историската комисија на Бугарија и Македонија
Последниот состанок на Заедничкиот мултидисциплинарен експертски комитет за историски и образовни прашања меѓу Бугарија и Македонија, кој се одржа во четврток и петок во Скопјe, помина „на вообичаен начин – без резултати“, изјави за БТА бугарскиот состав на комитетот.
Препорачано
Според медиунмот, членовите на комитетот од Македонија одбиле да го усвојат текстот на препораката за претставување на Охридската архиепископија во учебниците за 7 одделение во Македонија, што, наведуваат, било договорено во јуни 2024 година.
На вториот ден од состанокот, бугарските претставници ги запознале своите колеги одМакедонија со текстот на извештајот за напредокот на ЕП за Македонија, усвоен од Комитетот за надворешни работи на 3 јуни, кој директно се однесува на работата на историскиот комитет.
„Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања меѓу Бугарија и Северна Македонија е силно охрабрена да постигне јасни и опипливи резултати; текстовите треба да го одразуваат толкувањето на историските факти и личности од заедничката историја на двата народа, врз основа на објективни, автентични и засновани на докази историски извори и документи, научно толкување и историски документи, како што е постулирано во вториот протокол кон Договорот за добрососедство со Бугарија“, се вели во компромисот усвоен од Комитетот за надворешни работи.
Следниот состанок на Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања ќе се одржи во Софија во септември.
Со доаѓањето на власт на владата на ВМРО-ДПМНЕ, составот на комисијата беше променет, при што остана само еден претставник од претходниот состав.
Досега, Заедничката историска комисија во 2019 година усвои препораки за заедничко одбележување на пет историски личности – Светите браќа Кирил и Методиј, Свети Наум Охридски, Свети Климент Охридски и цар Самуил, како и препораки за измени во учебниците по историја за шесто одделение во Македонија и петто одделение во Бугарија, пренесува БТА.


