Германскиот тенисер Александер Зверев/фото: EPA-EFE/CHRISTOPHE PETIT TESSON

ВИДЕО | Зверев: Ние спортистите баш и немаме многу во главата

Германскиот тенисер Александар Зверев обезбеди место во финалето на Ролан Гарос по триумфот над Чехот Јакуб Меншик, но по мечот во центарот на вниманието се најде поради својата необична изјава.

Во разговор по полуфиналниот меч, Зверев беше запрашан како се справува со притисокот и што размислува пред излегувањето на теренот. Неговиот одговор изненади многумина.

„Се обидувам целосно да ја испразнам главата и да не размислувам за ништо. Искрено, ние спортистите немаме баш многу во главата. Понекогаш е полесно едноставно да не размислуваш премногу“, изјави германскиот тенисер.

Неговите зборови предизвикаа бројни реакции, а меѓу првите што јавно го критикуваа беше поранешната француска тенисерка Ализе Корне.

„Навистина сум изненадена од оваа изјава. Ако зборува за себе, тоа е негов избор, но со ваквите зборови ги стави сите спортисти во ист кош. Кога подобро ќе размислите, навистина е неверојатно да се каже нешто такво на централниот терен. Тоа е непочитување кон спортистите и кон нивната професија“, изјави Корне.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот