ВИДЕО | „Постојано го игра Рембо“: Путин му се потсмева на Зеленски
Рускиот претседател Владимир Путин на сцената на годишниот руски економски форум изјави дека во моментов не гледа причина да се сретне со Володимир Зеленски, откако украинскиот претседател објави отворено писмо во кое предлага директни преговори за прекин на војната.
Препорачано
Путин, исто така, не се согласи со идејата за барање гаранти во Европа, додека, како што вели, на Доналд Трамп му е одбиена таа улога, „иако Киев е подготвен да добие оружје од САД“.
Тој, исто така, ја спомена непријатната ситуација во Белата куќа кога Трамп му се пожали на Зеленски за неговата облека.
„Постојано да го глумиш Рамбо, се разбира, може да биде соодветно некаде, но не насекаде, рече Путин.
На прашањето дали Трамп е „прозорец за склучување мир“ за Москва, Путин одговори дека конфликтот во Украина можеби дури и немаше да започне ако Трамп „не беше измамен на изборите“ и останеше на власт во 2020 година“.
Во својот говор, Путин нагласи дека светот минува низ најголемата структурна трансформација во последните децении. Според него, системот изграден околу западните финансиски центри се распаѓа, а европските елити предизвикуваат хаос.
Ако Зеленски сака средба со Путин, слободно нека дојде во Москва, вели Песков


