Чадори за дожд - 200 денари - 17,10,2025 - Фото Слободен печат - Методи Здравев
Чадори за дожд - 200 денари - 17,10,2025 - Фото Слободен печат - Методи Здравев

Пороен дожд и грмежи попладне, температура до 34 степени

Времето денеска ќе биде променливо облачно и нестабилно, со пороен дожд, грмежи и со засилен ветер. Локално ќе има поинтензивни процеси во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи, засилен ветер и изолирана појава на град, соопшти Управата за хидрометеролошки работи.

Минималната температура ќе се движи во интервал од 10 до 18 степени, а максималната ќе достигне од 25 до 34 степени.

Во Скопје времето ќе биде променливо облачно, а во делови од котлината нестабилно со пороен дожд, грмежи и со засилен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне до 32 степени.

Во наредните денови нè очекува променливо облачно и топло време со сончеви периоди. Во попладневните часови ќе има појава на локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Заради големата енергија во атмосферата ќе има услови за појава на краткотрајно невреме.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот