Шакира и Џани Инфантино/ EPA/SARAH YENESEL

Шакира и Бурна Бој го отвараат Мундијалот во Мексико, а шоу ќе има и во Торонто и во Лос Анџелес

Популарните музичари Шакира и Бурна Бој ќе ја изведат песната „Даи Даи“, на отварањето на Светското првенство 2026 во Мексико Сити.

Церемонијата на отворањето на стадионот во Мексико Сити ќе започне 90 минути пред почетокот на натпреварот меѓу домаќинот Мексико и Јужна Африка, четврток, 11 јуни.

На отварањето ќе настапат и Алехандро Фернандес, Белинда, Дени Оушн, Џеј Балвин, Лила Даунс, Лос Анџелес Азулес, Мана и Тјала.

„Даи Даи“ е официјална песна на Светското првенство, во знак на поддршка на Глобалниот фонд за образование на ФИФА, кој има цел да собере 100 милиони американски долари до крајот на турнирот, за да се обезбеди пристап до квалитетно образование и фудбалски можности за децата ширум светот.

 

Мексико ќе биде домаќин на првата од трите церемонии, додека слични програми ќе се одржат и во Канада и САД.

Во Торонто, Аланис Морисет и Мајкл Бабл ќе настапат на 12 јуни пред натпреварот помеѓу Канада и Босна и Херцеговина, додека во Лос Анџелес истиот ден ќе настапат Кети Пери, Лиса, Рема, Анита и Фјучер пред дуелот помеѓу САД и Парагвај.

Церемониите, кои ќе траат околу 90 минути пред почетокот на натпреварите, ги режира италијанскиот продуцент Марко Балиќ, кој беше креатор на отворањето на Зимските олимписки игри во Милано и Кортина 2026.

Шакира ќе биде меѓу главните изведувачи на полувремето од финалето на Светското првенство на 19 јули, заедно со Мадона и групата БТС.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот