Педро Акоста и Марк Маркез/EPA/RUNGROJ YONGRIT

ВИДЕО | Чудесниот Марк Маркез излета од патеката, па освои пол-позиција во Унгарија

Шпанскиот мотоциклист Марк Маркез уште еднаш покажа зошто е еден од најдобрите откако и покрај проблемите на квалификациите успеа да ја освои пол-позицијата за трката во Унгарија.

Маркез имаше незгоден момент на самиот почеток од вториот квалификациски сегмент кога излета од патеката во првата кривина. Сепак, тоа не го спречи подоцна да постави најбрзо време од 1:36.785 и да го обезбеди најдоброто стартно место за утрешната трка.

Зад него заврши неговиот сонародник Педро Акоста, кој заостана 53 стотинки, додека третото место му припадна на Фермин Алдегер.

Успехот на Маркез добива уште поголема тежина ако се земе предвид дека пред само еден месец беше подложен на операција на рамото по повредата што ја заработи во Ле Ман. Поради тоа постоеја сомнежи дали воопшто ќе настапи во Унгарија, но искусниот Шпанец брзо се рехабилитираше и стигна до својата 76-та пол-позиција во кариерата.

Во вториот стартен ред ќе се најде Фабио Ди Џанантонио, кој исто така имаше проблеми за време на квалификациите, додека меѓу водечките е и Франческо Бањаја.

Главната трка е закажана за утре со почеток во 14 часот.

Фото: Moto GP

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот