Германија остана без еден од своите најголеми таленти — поради повреда го пропушта Мундијалот
Германската репрезентација остана без еден од своите најталентирани млади фудбалери пред почетокот на Светското првенство. Офанзивниот фудбалер за врска на Баерн Минхен, Ленарт Карл, заработи повреда на еден од тренинзите со националниот тим и нема да може да настапи на претстојниот Мундијал.
Препорачано
Според информациите на германскиот новинар Флоријан Плетенберг, кај младиот фудбалер е утврдена скината мускулна фолија, повреда што ќе го оддалечи од терените во наредните неколку недели. Поради тоа, неговото учество на Светското првенство е дефинитивно отпишано.
Се очекува Карл во најскоро време да се врати во Минхен, каде што ќе го започне процесот на рехабилитација под надзор на медицинскиот тим на Баерн.
Германскиот селектор веќе пронајде замена за повредениот играч. Повик во националниот тим ќе добие Асан Уедраого од РБ Лајпциг, кој зад себе има солидна сезона во Бундеслигата. Младиот фудбалер минатата сезона настапи на 19 натпревари и постигна четири погодоци во германското првенство.
На Светското првенство, Германија првиот натпревар го игра на 15 јуни против Курасао, а во групата се уште Брегот на Слоновата Коска и Еквадор.
Од Стабиле до Мбапе: Ова е листата на најдобри стрелци на сите светски првенства
Колку заработуваат судиите на Мундијалот? Финалето носи најголем хонорар
Колку вредат дресовите кои испишаа историја на светските првенства?


