Кои се највисоките и најниските фудбалери на Мундијалот?
Светското првенство во фудбал не е само сцена за најдобрите репрезентации во светот, туку и место каде се среќаваат најразлични профили на играчи – од тактички генијалци до физички „екстреми“ кои ја поместуваат границата на она што значи идеална градба за фудбалер.
Препорачано
Мундијалот 2026 година, кој ќе се игра во САД, Канада и Мексико, носи рекорден број учесници и уште поголема разновидност во составите. Токму таа разноликост отвора простор за интересни споредби, а една од највпечатливите е разликата во висината меѓу највисоките и најниските играчи на турнирот – податок што на уникатен начин ја прикажува широчината и убавината на светскиот фудбал.
Токму тие разлики ја отвараат приказната за највисоките и најниските играчи на Мундијалот.
Меѓу највискоите учесници на турнирот е голманот на Австрија, Флоријан Вигел, кој со 205 сантиметри се издвојува како највисок играч на Мундијалот. Тоа го прави највисок играч вклучен во состав за Светското првенство. Со неговите 205 центриметри, Вигел го надмина рекордерот Андрис Ноперт кој е висок 203 сантиметри.
Во групата на највисоки фудбалери на турнирот се истакнуваат одбранбениот играч на Англија, Ден Бурн, колумбискиот голман Алваро Монтеро и стоперот на Босна и Херцеговина, Стипе Раделиќ кои се блиску или над границата од два метри.
Но подеднакво интересно е и на спротивниот крај од спектарот.
Панамскиот креативен играч од средниот ред, Цезар Јанис, висок само 1,60 метри, е најнискиот играч на турнирот. Непосредно зад него е крилниот напаѓач на Курасао, Џереми Антонис, со 1,64 метри. Тие се играчи кои не се ослонуваат на висината, туку на агилност, рамнотежа и брзина.


