Тејлор Свифт и Тревис Келси / Фото: EPA

Свадба на годината? Тејлор Свифт и Тревис Келси ќе се венчаат пред повеќе од 1.000 гости

Поп-ѕвездата Тејлор Свифт и НФЛ-ѕвездата Тревис Келси наводно се подготвуваат за свадба која многумина веќе ја нарекуваат „свадба на годината“. Според Ти-ем-зи, двојката ќе го каже судбоносното „да“ на 3 јули во легендарната њујоршка арена „Медисон Сквер Гарден“, пред повеќе од 1.000 гости.

Според информациите на порталот, на церемонијата се очекуваат меѓу 1.100 и 1.200 гости, а се подготвуваат и посебни безбедносни мерки за да се обезбеди максимална приватност.

Засега ниту Свифт ниту Келси официјално не ги потврдиле овие информации.

Од алка со телефонски број до најпознатата романса во светот

Љубовната приказна на Тејлор и Тревис започна во летото 2023 година. Тогаш Келси јавно откри дека присуствувал на еден од концертите од турнејата „Ерас“ и сакал да ѝ подари алка со својот телефонски број, но не успеал да ја запознае.

Неговото признание брзо стана вирално, а неколку месеци подоцна се покажа дека обидот не бил залуден.

Во септември истата година, Тејлор за првпат се појави на натпревар на Канзас Сити Чифс, каде што игра Келси. Нејзиното присуство на трибините веднаш ги разгоре гласините за романса, а кратко потоа тие станаа една од најследените славни двојки во светот.

Тејлор Свифт и Тревис Келси на љубовен состанок во октомври 2023 година / Фото: Profimedia

Љубов што ги спои музиката и спортот

Во следните месеци нивната врска стануваше сè појавна во јавноста. Тејлор редовно присуствуваше на натпреварите на Чифс, додека Тревис патуваше низ светот за да биде покрај неа на концертите од турнејата.

Еден од највпечатливите моменти се случи во февруари 2024 година, кога Тејлор долета од Токио во Лас Вегас за да го бодри Келси на Суперболот. По победата на Чифс, двајцата разменија емотивна прегратка и бакнеж на теренот, фотографии што го обиколија светот.

Истата година, Келси се појави и на сцената за време на концерт на Свифт во Лондон, изненадувајќи ги илјадниците обожаватели. Во меѓувреме, пејачката во неколку песни алудираше на нивната врска, а фановите внимателно ги анализираа сите скриени пораки во нејзината музика.

Тејлор Свифт и Тревис Келси ја слават победата на Канзас Сити Чифс над Сан Франциско 49ерс во Супербол 58, одигран на 11 февруари 2024 година во Лас Вегас. По триумфот на Чифс, пејачката се симна на теренот каде што емотивно го прегрна и бакна својот партнер / Фото: Profimedia

Бајковидна свршувачка

На 26 август 2025 година, двојката официјално објави дека се свршила. Веста ја споделија преку заедничка објава на социјалните мрежи, на која Тејлор го покажа импресивниот дијамантски прстен од 10 карати.

„Вашата професорка по англиски и вашиот професор по физичко ќе се венчаат“, напишаа тие во описот на фотографиите од запросувањето.

Подоцна открија дека Келси ја запросил веднаш по снимањето на една епизода од неговиот поткаст „Њу Хајтс“.

Тревис Келси и Тејлор Свифт на нивната фотосесија за свршувачката / Фото: Инстаграм/Тејлор Свифт

Свадба на годината?

Доколку информациите на Ти-ем-зи се покажат како точни, Тејлор Свифт и Тревис Келси наскоро ќе ја крунисаат својата речиси тригодишна љубовна приказна со брак.

Изборот на „Медисон Сквер Гарден“ има и симболично значење за пејачката, која во текот на кариерата повеќепати настапувала во легендарната арена. А со повеќе од илјада гости, строги безбедносни мерки и огромен интерес од јавноста, нивната свадба би можела да стане еден од најголемите шоубизнис настани во 2026 година.

Тејлор Свифт стана најбогатата музичарка во историјата, нејзиното богатство достигна 2 милијарди долари

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот