ФОТО | Инспектор Томе од „Преспав“ има голема причина за чeстење
Со посебен повод, актерот Горан Стојановски, познатиот инспектор Томе од популарната серија „Преспав“ по долго време се појави во јавноста.
Препорачано
Горан ја сечеше роденденската торта на Народен театар Охрид. кој наполни 15 години. На забавата, беа присутни повеќе актери како и министерот за култура, Зоран Љутков.
Театарот прослави јубилеј со двојна премиера на претставата „Оркестар Титаник“ од бугарскиот драмски автор Христо Бојчев, во режија на Андреј Цветановски.
Народниот театар Охрид одбележа 15 години од своето формирање како дел од Националната установа Центар за култура „Григор Прличев“ во Охрид.
Премиерната изведба се одржа на 3 јуни, а охридската публика ќе има можност претставата повторно да ја погледне и вечерва од 20 часот.
Во претставата настапуваат актерите Никола Тодороски, Стрезо Стаматовски, Верица Недеска, Филип Кипровски и Томе Станковски, додека костимографијата и сценографијата ги потпишува Сергеј Светозарев.
По повод премиерата и јубилејот, режисерот Андреј Цветановски рече дека претставата ја обработува надежта како суштинска човечка вредност.
„Во прицип сите тие ликови мене ми се апсолутно многу драги, затоа што потекнуваат од мене. Не би можел да речам дека карактеристиките што ги имаат овие ликови се и мои карактеристики, напротив. Но, секогаш ми било предизвик да можам да видам одреден човеков дух кој е толку слободен, а се канализира низ некој многу интересен вокабулар, низ начинот на кој размислува. Понекогаш некои наши херои, јунаци од нашево општество ми биле еден вид мотив за да можам за да направам и јас нешто што е комично. Во секој случај сите тие ликови ги карактеризира убав дух, затоа и сметам дека тие ликови биле привлечни за публиката. Кога ликот има добар дух, чувстуваш возбуда, нема никаков проблем и луѓето го сакаат, а тоа е најголемата награда за која што јас работам“, рече Стојановски за ликот на популарниот Томе од „Преспав“.
Во една прилка, во гостувањето во емисијата „Еден на еден“, Стојановски рече дека луѓето уште го паметат по ликот на Џемо Биљбиљ.
„Луѓето уште на улица ме викаат Џемо. Не е заборавен тој лик. А, некои ме викаат и Томе“, изјави актерот.


