Ружица Милошеска Брчиоска / Фото: Facebook / Ruzica M. Brcioska

Ружица од „Ареа“ раскажа емотивна приказна за „Сите мои слики“

Емотивна приказна за хитот „Сите мои слики“, сподели пејачката на култната македонска рок-група „Ареа“, Ружица Милошеска Брчиоска.

Ружица покажа колку ја почитува уметноста и врската со своите обожаватели и колеги уметници. Таа неодамна сподели емотивна објава на социјалните мрежи, откривајќи го прекрасниот гест кој пристигнал на нејзина адреса од уметницата Анжелика Колева.

Станува збор за уникатно уметничко дело, рачно насликана плоча поставена на мини-штафелај. На неа е портретиран ликот на Ружица.

„Од сите мои слики што ги гледам и подредувам, само една не ми дава мир, ја барам, ме изведува“, пишува на сликата.

Ружица не го криеше своето воодушевување и јавно ѝ се заблагодари на уметницата:

„Прекрасното изненадување од извонредниот уметник Анжелика Колева ми го наполни срцето: арт на LP со стихови од ‘Сите мои слики’. Навистина многу кул подарок на кој брзо ќе му најдам место во мојот дом. Ти благодарам од срце Анжелика, среќна сум што запознав една толку непосредна и пријатна личност како што си ти“, напиша Ружица во својата објава.

Овој гест е доказ дека музиката на „Ареа“ останува вечна инспирација за помладите генерации креативци во Македонијa.

Инаку, во рамките на концертната програма на годинешниот „СОС фестивал 2026“ сцената на Антички театар Охрид ќе ги отвори вратите за една од најголемите македонски рок-групи. Токму „Ареа“ на 31 јули ќе го одржи својот голем летен концерт во живо, под отворено небо.

Ружица, Ивица и екипата од бендот уште еднаш ќе ги отворат своите „Врати на имагинација“ за многубројната публика и ќе ги изведат најпознатите хитови од својот богат музички опус, како „Сите мои слики“, „Пријател“, „Одведи ме“, „Биди мој„ и други.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот