Маја Хвалинска/EPA/YOAN VALAT

ВИДЕО | Не се секогаш парите пресудни — ќе игра финале на Ролан Гарос, а нема ниту еден спонзор

Полската тенисерка Маја Хвалинска продолжува да ја живее својата бајка на Ролан Гарос каде што денеска ја очекува финалето против Дијана Шнајдер од Русија.

Колку е голем нејзиниот успех говори и фактот што Хвалинска во моментов нема потпишано спонзорски договор со ниту еден спортски бренд. Така таа на еден меч да се појави во опрема од „Лакоста“, на следниот во „Адидас“, а на прес-конференција во облека од „Најк“.

Во едно од своите интервјуа пред да блесне на Ролан Гарос, Хвалинска откри како изгледа нејзината моментална ситуација.

„Во моментов немам спонзор, па носам што и да ми се допаѓа, а тоа искрено е многу убаво чувство. Не сум ограничена со ништо. Ако ми се допаѓа јакна од „Адидас“, ја носам. Ако ми се допаѓа маица од „Најк“, тогаш ја избирам неа. Така стојат работите во моментов“, изјави Хвалинска со насмевка.

По нејзиниот сензационален настап во Париз, речиси сигурно е дека голем број спортски компании ќе покажат интерес за соработка со полската тенисерка. Таков договор би бил значаен чекор во нејзината кариера, бидејќи сигурно би ѝ помогнал полесно да ги покрива трошоците за патувања, опрема и сите други обврски што ги носи професионалниот спорт.

Спортска бајка во Париз: Маја Хвалинска за две недели заработи повеќе отколку во целата кариера

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот