Маја Хвалинска/Фото: EPA/YOAN VALAT

Спортска бајка во Париз: Маја Хвалинска за две недели заработи повеќе отколку во целата кариера

Полската тенисерка Маја Хвалинска е едно од најпријатните изненадувања на овогодинешниот Ролан Гарос. Со неверојатниот настап во Париз, 24-годишната тенисерка не само што обезбеди историски резултат во кариерата, туку и заработка каква што досега можеше само да сонува.

Хвалинска успеа да се пласира во полуфиналето на гренд слем турнирот на париската земјена подлога, а нејзината приказна веќе се смета за една од најубавите спортски бајки на годината.

Иако професионално настапува од 2016 година, кога како тинејџерка влезе во светот на тенисот, до почетокот на овој Ролан Гарос од наградни фондови имаше заработено вкупно 743.600 евра.

Само со пласманот меѓу четирите најдобри во Париз, полската тенисерка веќе си обезбеди награда од 750.000 евра, што значи дека за неполни две недели заработи повеќе отколку во претходните десет години од кариерата.

Доколку успее да избори место во финалето, нејзината заработка ќе порасне на 1,4 милиони евра, додека евентуалното освојување на титулата би ѝ донело фантастични 2,8 милиони евра.

Колкав е овој успех најдобро покажува фактот што нејзината најголема заработка на еден турнир досега изнесуваше нешто повеќе од 29.000 евра, сума што ја освои во април со триумфот на турнир во Португалија.

Хвалинска ќе игра во полуфиналето на Ролан Гарос

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот