Колин Фирт и Елеонора Пербони / Фото: AA/ABACA / Abaca Press / Profimedia

ФОТО | Колин Фирт повторно ја пронајде љубовта откако се разведе по 22 години брак — се појави со новата девојка на црвениот тепих

Колин Фирт се појави на црвениот тепих на премиерата на филмот „Ден на разоткривањето“ (Disclosure Day) во Лондон со својата партнерка Елеонора Пербони, со која наводно е во врска две години.

Познатиот британски актер ретко споделува детали од својот приватен живот, а уште поретко се појавува на јавни настани со својата партнерка. Затоа нивното заедничко пристигнување не остана незабележано, пишуваат странските медиуми.

Фирт и Пербони заедно прошетаа по црвениот тепих пред лондонското кино „Синеврлд Леичестер сквер“. Актерот за пригодата избра класичен црн костум, додека неговата партнерка блескаше во елегантен црн комплет составен од палто и панталони, кои ги надополни со едноставна чанта.

Фото: Wiktor Szymanowicz / AFP / Profimedia

Според британските медиуми, двојката е во врска две години, но првпат јавно ја потврдија својата романса минатиот октомври на проекција на филмот „Хамнет“. За Елеонора Пербони сè уште се знае многу малку бидејќи таа успешно го избегнува медиумското внимание

Да потсетиме, ѕвездата на „Говорот на кралот“ се разведе од својата сопруга Ливија Џуџиоли во 2019 година по 22 години брак. Тие ги имаа синовите Матео и Лука, а Фирт има и постар син од врската со актерката Мег Тили.

По разводот, поранешниот пар нагласи дека ќе останат поврзани заради своето семејство и се чини дека навистина го постигнале тоа. Ливија сега живее во Италија, каде што води одржлива фарма, додека Фирт продолжува да одржува блиска врска со својата поранешна сопруга и нејзиниот партнер.

– Секогаш сме заедно. Колин и јас имаме прекрасна врска и напорно работевме за да го одржиме семејството заедно. Јас имам партнер, тој има партнер и сите се дружиме многу. Тоа е проширено, малку лудо семејство – рекла Ливија во едно интервју.

Поради неа стана секс симбол: Кошулата на Колин Фирт од „Гордост и предрасуди“ продадена за 25.000 фунти

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот