Трогателна средба помеѓу Кејт Мидлтон и пациентката Клер Лоран која го победи ракот/Фото: GEORGE ROGERS / Sipa Press / Profimedia

ФОТО+ВИДЕО | Момент што го расплака светот – трогателна средба на Кејт Мидлтон со пациентка што го победи ракот

Од сите кралски должности што Кејт Мидлтон ги презеде во текот на нејзината јавна кариера, неодамнешната беше веројатно една од најтешките. Принцезата од Велс ја посети Фондацијата Кристи НХС во Манчестер во четвртокот попладне, еден од водечките центри за рак во Европа, кој прима повеќе од 60.000 пациенти годишно. Кејт таму се сретна со персоналот и пациентите кои во моментот се на хемотерапија, вклучувајќи ги и оние во одделот за млади, пишува „Вог“. Принцезата од Велс ја посeти Фондацијата Кристи НХС за да ја истакне лековитата моќ на холистичката нега, заедно со клиничката нега, за луѓето кои живеат со и по ракот.

Кејт Мидлтон повторно покажа зошто е омилена принцеза во светот. Освен што ја краси единствен моден израз, нејзините зборови се мелем за душата.

Трогателна средба со пациентка

Откако и самата помина низ ова трауматично искуство, принцезата од Велс многу добро знаe низ што минуваат луѓето кои се лекуваат од рак. Нејзината посета била чин на јакнење за сите оние што минуваат низ овој тежок период, а самата Кејт сакала да ја направи ситуацијата барем малку поподнослива за пациентите и нивните семејства.

Во разговорот со пациентката Клер Лоран, која го победи ракот, Кејт Мидлтон не можела да го скрие своето воодушевување. Таа топло ја прегрнала Клер и ѝ дала поддршка со зборови што многу значат и со тој чин расплака многумина.

„Браво… каков пат е тоа? Беше тешко.“ Потоа се свртела кон сопругот и новороденото дете на Клер: „Подеднакво е тешко и за семејството и за саканите… Не е ли мама храбра?“, им рекла принцезата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ITV Granada Reports (@granadareports)

Принцезата присуствувала на значајниот чин — кога 30-годишната Клер го повлекла ѕвончето за да го означи крајот на нејзиното лекување од рак. Потоа Кејт Мидлтон ја посетила уметничката соба во болницата и учествувала во уметничка сесија со пациентите, учејќи како креативното изразување може да биде моќна алатка во нивното закрепнување. Принцезата, исто така, ја посетила собата за музичка терапија и градината за благосостојба, каде што пациентите и персоналот можат да се одморат и да размислуваат.

Фондацијата Кристи НХС

Фондацијата Кристи НХС е најголемиот самостоен центар за рак во Европа и првиот во Велика Британија што е акредитиран како сеопфатен центар за рак. Болницата „Кристи“ ја основал во 1890 година Ричард Копли Кристи, англиски адвокат и филантроп, а се приклучила на НХС во 1948 година. Денес, болницата има персонал од 3.500 лица и опслужува повеќе од 60.000 пациенти секоја година.

Лична борба со болеста

Принцезата го разбира тоа искуство подобро од повеќето. Не толку одамна и самата откри дека била подложена на превентивна хемотерапија по операцијата на абдоменот во јануари 2024 година, кога ѝ беше дијагностициран рак.

„Тоа, секако, беше огромен шок, а Вилијам и јас правиме сè што можеме за да го обработиме тоа и да се справиме со него приватно, за доброто на нашето младо семејство“, рече таа во видеопорака објавена во март 2024 година, кратко откако беше објавено дека и на кралот Чарлс Трети му е дијагностициран рак.

Во септември истата година, принцезата од Велс објави дека завршила со хемотерапијата.

„Последните девет месеци беа неверојатно тешки за нас како семејство. Животот каков што го знаете може да се промени во еден миг“, рече таа во уште една трогателна видеопорака, снимена во природа со принцот Вилијам и нивните три деца, принцот Џорџ, принцезата Шарлот и принцот Луис.

ФОТО | Кејт Мидлтон воодушеви во раскошна тоалета и круна со 2.600 дијаманти на банкет во замокот Виндзор

ФОТО | Петнаесет години по свадбата што ја гледаше целиот свет, Вилијам и Кејт денеска ја обележаа годишнината со прекрасна фотографија

ФОТО | Емотивна прегратка на Кејт Мидлтон и Џеси Џеј: „Како мајка со мајка која се борела со ракот, морав да ја прегрнам“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот