Волк врзан за бандера во скопската населба Козле / Фото: ЗОО Скопје / Инстаграм

ВИДЕО | Некој чувал волк како миленик во Скопје, избеган се движеше низ Козле

За среќа, станува збор за питомо и мирно животно, велат од Зоолошката градина, чии стручни служби го заловија волкот

Вечерва во скопската населба Козле беше забележан волк кој бил чуван како домашен миленик и на себе имаше синџир и каивче, соопшти Зоолошката градина на социјалните мрежи. Откако загрижени граѓани пријавиле, била повикана полицијата и стручната служба од Зоолошката градина, која го заловила животното.

Волкот потоа бил безбедно пренесен во Зоолошката, каде ќе биде згрижен и ќе му се обезбедат соодветни услови. Престојниот период ќе биде во карантин под постојан здравствен надзор од стручни лица, велат од ЗОО Скопје.

„За среќа, оваа ситуација заврши без последици, бидејќи станува збор за питомо и мирно животно, но уште еднаш апелираме и потсетуваме дека чување диви животни како домашни миленици е забрането и исклучително опасно. Волците не се миленици и не смеат да се чуваат во заробеништво и несоодветни услови. Станува збор за диви животни кои имаат свои природни потреби, инстинкти и однесување. Апелираме до граѓаните доколку забележат нелегално чување диви животни, тоа да го пријават до надлежните институции. Благодарност до МВР, Град Скопје, вработените во Зоолошка градина Сашо Панчев и Тина Мицковска и до сите вклучени служби за брзата и координирана интервенција“, се вели во објавата.

ВИДЕО: Мечка преплива цело езеро во Грција, долго 20 километри

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот