Мечка плива преку езеро во Грција / Фото; Јутјуб/скриншот

ВИДЕО: Мечка преплива цело езеро во Грција, долго 20 километри

Несекојдневна глетка е забележана на Езерото Полифито во северна Грција, кога една мечка го преплива целото езеро не обрнувајќи внимание на луѓето во чамци во непосредна близина, пренесе „Прототема“.

Мечката го почнала пливачкиот „маратон“ од местото Кранидија и била следена и снимана како плива час и половина. Таа вкупно поминала растојание од приближно 20 километри до Кесарија, во областа Кожани на северозападот на земјата. Според очевидците кои ја снимале, мечката со часови пливала без престан, не покажувајќи знаци на замор.

„Бев загрижен дали ќе успее да стигне до копното, но истовремено се плашев и да не му се приближи на мојот чамец“, вели рибарот кој ја сними за локалните медиуми.

Откако успешно го завршила своето „патување“, мечката излегла на брегот и исчезнала во шумата.

Кафеавите мечки се познати како исклучително добри и издржливи пливачи, способни да поминат големи растојанија во потрага по храна или нова територија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот