Фото: Слободен печат / Жарко Настоски

Во петок е можно ново големо невреме, прогнозираат метеоролозите

Времето утре (петок, 3 јули) ќе се задржи променливо облачно со сончеви периоди, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи, но синоптичарите предупредуваат дека попладнето наместа е можно ново силно невреме со пороен дожд и грмежи.

„Попладне повторно ќе биде нестабилно наместа со повремени врнежи од дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд (над 15 l/m²), електрични празнења, силен ветер (над 60 km/h) и појава на град“, велат од УХМР.

Од сабота, пак, ќе дува засилен северен ветер, се вели во прогнозата. До средината на следната работна седмица потоа ќе имаме стабилно и претежно сончево време, прогнозираат метеоролозите.

ВИДЕО | Невремето поплави подруми, дворови и подвозници во Скопје, најпогодени се населбите Кисела Вода, Чаир, Бутел и Гази Баба

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот