Путин го зголемува кругот на обезбедување – четврто проширување од почетокот на војната
Рускиот претседател Владимир Путин повторно го зголеми бројот на вработени во централната управа на Федералната служба за обезбедување, пренесе Киев Пост.
Препорачано
Според новата уредба, бројот на вработени во ова тело се зголемува од 785 на 812. Ова е четврто проширување на службата од почетокот на руската инвазија врз Украина.
Федералната служба за обезбедување има широки овластувања, меѓу кои и личната заштита на шефот на државата, неговото семејство и премиерот. Таа е задолжена и за обезбедување на Кремљ, Државната дума и повеќе строго чувани претседателски резиденции.
Според медиумските извештаи, Путин во последните месеци сè повеќе е загрижен за сопствената безбедност. Се наведува дека биле заострени мерките за заштита околу него, поради страв од можен атентат или државен удар.
Вработените кои работат во негова близина, според тие информации, не смеат да користат мобилни телефони, мора да носат маски и да ги вадат рачните часовници пред средба со него.
Се наведува и дека Федералната служба за обезбедување значително ги намалила патувањата на Путин и почесто го задржува во безбедни објекти. Неговите патувања во странство, пак, се проследени со видливо засилени безбедносни мерки.
За време на посетата на Казахстан во мај, неговата моторизирана придружба, според извештаите, вклучувала оклопно возило, хеликоптер и возило опремено со систем за електронско војување.
Најголемата, најновата и најскапата: Тимот на Навални тврди дека ова е јахтата на Путин


