Пожар Визбегово / Фото Портали Икс
Пожар на отпад во Визбегово / Фото: „Портал Икс“

Тројца злонамерници запалиле багер на отпадот во Визбегово, спречен е нов голем пожар

Тројца луѓе вчеравечер се уапсени под сомнение дека запалиле багер во кругот на приватниот отпад во Визбегово, соопшти полицијата. Огнот е скротен пред да ги зафати и другите делови од отпадот, на кој во изминатава година избувнаа два големи пожари и изгореа стари автомобили и огромно количество пластика, гума, моторно масло и секакви други материјали.

Последниот голем пожар се случи на почетокот на мај, кога огромен црн облак од чад со денови се извиваше од отпадот.

Пожар на отпад за стари автомобили кај Визбегово / Фото: Орце Ѓорѓиевки / Фејсбук

„Денеска (02.07.2026) на ул. „Јадранска магистрала” во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода Џ.Џ., А.А. и Ф.Љ. поради основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност” по член 288 од КЗ. На 01.07.2026 околу 23:20 часот во ПС Чаир е пријавено дека во отпад за секундарни суровини на подрачје на ПС Чаир, бил запален багер. Веднаш по добиената пријава, полициски службеници од СВР Скопје ги забележале лицата кои биле со патничко возило “бмв” со ресенски регистарски ознаки по што ги лишиле од слобода. По документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава“, велат од МВР.

ФОТО+ВИДЕО | Гори отпад во Визбегово

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот