ВИДЕО | Eмотивно збогување на Единсон Кавани од Бока јуниорс
Бока Јуниорс и уругвајскиот напаѓач Единсон Кавани спогодбено ја прекинаа соработката, потврди напаѓачот-ветеран.
Препорачано
39-годишниот Кавани, кој дојде во Бока во 2023 година, од клубот се збогуваше со емотивна видеопорака во која им се заблагодари на навивачите за поддршката и истакна дека настапувањето за аргентинскиот гигант било исполнување на неговиот долгогодишен сон.
Уругвајскиот голгетер го завршува својот престој во клубот со учинок од 28 голови на 81 натпревар во сите конкуренции. Во меѓувреме, дел од аргентинските медиуми шпекулираат дека напаѓачот би можел да стави крај на својата богата кариера, иако засега нема официјална потврда за таква одлука.
Пред да го облече дресот на Бока Јуниорс, Кавани настапуваше за Валенсија, Манчестер јунајтед, Пари Сен Жермен, Наполи, Палермо и Данубио, клубот во кој ги направи првите фудбалски чекори.
Gracias de corazón 💙💛 pic.twitter.com/F4z9xMugrW
— Edi Cavani Official (@ECavaniOfficial) July 2, 2026
ВИДЕО | Белгијците, пред да режираат луд пресврт, ќе се степаа на теренот


