Шпанија против Австрија: Сè што треба да знаете пред мундијалското шеснаесетинафинале
Европските шампиони Шпанија и Ламин Јамал се на мегдан со Австрија во шеснаесетинафиналето на Светското првенство 2026 кое се игра на стадионот во Лос Анџелес.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Шпанците немаат победено на натпревар во елиминациска фаза на најелитниот фудбалски турнир од кога го освоија трофејот во 2010 година. Победникот од овој натпревар ќе игра против Португалија или Хрватска на стадионот во Далас во осминафиналето.
Втората најдобра светска репрезентација, според рангирањето на ФИФА, Шпанија е непоразена на Мундијалот, а и денес е голем фаворит во дуелот со Австрија, која е рангирана на 24-та позиција на листата на ФИФА. Шпанците својата мундијалска приказна ја започнаа со неочекувано реми со Зеленортските Острови (0-0), но потоа влегоа во ритам со две победи против Саудиска Арабија (4-0) и Уругвај (1-0). Репрезентацијата на Луис де ла Фуенте изгледаше организирано и смирено во досегашните натпревари, со закани по противничките репрезентации преку крилата. Токму и денес, сè очекува „фуријата“ да нападне токму по страничните позиции каде што ќе дејствуваат Ламин Јамал и Алекс Баена. Поради висиокиот пресинг кој е карактеристичен за екипите на селекторот Ралф Рагник, Јамал и Баена би добиле простор за да бидат опасни кон голот кој ќе го брани Александер Шлагер.
Средниот ред на Шпанија, кој традиционално е еден од најсилните адути на оваа селекција, и овојпат ќе биде во фокусот, а клучната улога ќе ја има Педри. Педри со својата способност да го контролира темпото на играта и да ја пренесе топката под притисок, ќе биде најважната алка во обидот да се пробие високиот пресинг на Австријците.
Во дефанзивната линија на „фуријата“, вниманието ќе биде насочено кон тандемот Кубарси и Лапорт, кои ќе имаат сериозна задача да го неутрализираат главниот напаѓач на Австрија, Михаел Грегорич. Високиот Грегорич (193 см), кој е член на Аугсбург, е особено опасен во воздушните дуели и познат е по својата игра со глава.
Одбраната на Шпанија ќе мора да биде максимално концентрирана при центаршутите и прекините, бидејќи Грегориќ знае добро да се позиционира и да реализира вакви шанси.
Шпанците ќе настапат во формација 4-2-3-1.
Австријците го обезбедија своето место во елиминациската фаза со турбулентна групна кампања, завршија со ист број поени како Алжир, но благодарение на подобрата гол-разлика ја обезбедија втората позиција зад Аргентина.
Австрија стартуваше со победа над Јордан (3-1), потоа беше поразена од Аргентина (2-0), а во последното коло одигра драматично реми со Алжир (3-3).
Креативноста на Австријците најмногу зависи од Марсел Сабицер, кој беше нивниот главен креатор во квалификациите за Мундијалот. Сабицер имаше три асистенции, најмногу од сите австриски играчи и создаде 13 шанси. Иако оваа сезона не беше толку продуктивен во дресот на Борусија Дортмунд бидејќи доби подефанзивна улога на средината, за националниот тим игра повисоко, а често и на крилата.
Внимание привлекува и младиот талент Пол Ванер, член на ПСВ од Ајндховен, кој е најмладиот дебитант во историјата на Баерн Минхен и доаѓа на Мундијалот по солидна сезона во Холандија, со три гола на 22 настапи. Ралф Рангник располага со повеќе „поливалентни“ играчи како Лајмер, Алаба, Пош, Зајвалд и Сабицер, кои можат да покријат различни позиции, што му овозможува флексибилност во формацијата. Сепак, Рангник за дуелот против Шпанците се реши за систем 4-2-3-1, со кој Австрија ќе се обиде да се спротивстави на фаворитот.
Во пресрет на овој дуел, јасно е дека Шпанија влегува како голем фаворит благодарение на квалитетот, формата и искуството што го поседува, но Австрија веќе покажа дека може да биде тврд и незгоден противник, особено ако успее да го наметне својот динамичен ритам и да ги искористи своите креативци.
Во продолжение, погледнете ги стартните состави за двете селекции.
🇪🇸 SPAIN vs AUSTRIA 🇦🇹
Starting XI’s confirmed! ✅ pic.twitter.com/b6bGS77SDR
— EuroFoot (@eurofootcom) July 2, 2026


