Реал Мадрид се раздели со Скариоло и избра негов наследник, ќе плати над осум милиони евра
Реал Мадрид официјално објави дека Серџо Скариоло повеќе не е тренер на кошаркарскиот тим, откако клубот ја заврши сезоната без освоен трофеј.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Раководството на „кралскиот клуб“ веќе го избра неговиот наследник, Педро Мартинез, но промената на клупата ќе има висока цена.
Според шпанските медиуми, Реал ќе треба да му исплати на Скариоло околу пет милиони евра, колку што изнесува вредноста на преостанатите две години од неговиот договор.
Воедно, новиот тренер Педро Мартинез, кој минатата сезона ја предводеше Валенсија до шампионската титула во Шпанија, ќе потпише тригодишен договор вреден 3,6 милиони евра.
Освен тоа, Реал ќе мора да ѝ исплати и обесштетување на Валенсија за предвремениот раскин на договорот со тренерот. Според информациите на шпанските портали, оваа сума изнесува еден милион евра. Така, целокупната тренерска смена ќе го чини Реал Мадрид повеќе од 8,5 милиони евра.
👏 Gracias, @sergioscariolo 👏 pic.twitter.com/x8g5j4ByZd
— Real Madrid Basket (@RMBaloncesto) July 2, 2026
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
9мин
-
20мин
-
21мин
-
32мин
-
47мин
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


