Салим Ал Ашка/Club Deportivo Palestino

Палестински голман, кој требало да стане татко, загинал во израелски напад

Палестинската фудбалска федерација ја потврди трагичната вест дека 32-годишниот голман Салим Ал Ашкар загинал за време на израелски напад, кој се случил претходно оваа недела.

Според соопштението на палестинските власти, Ал Ашкар го загубил животот во напад извршен од израелските сили.

По повод неговата смрт се огласи и чилеанскиот клуб Депортиво Палестино, кој изрази сочувство до семејството и најблиските.

„Со длабока тага ја примивме веста за смртта на 32-годишниот палестински голман Салим Ал Ашкар, кој беше убиен од израелската војска. Длабоко сме потресени од продолжувањето на ваквите трагедии и повикуваме на правда и мир“, соопшти клубот.

Ал Ашкар е еден од бројните палестински спортисти кои ги загубија животите од почетокот на војната во Газа во октомври 2023 година.

Неговата смрт е уште потрагична ако се знае дека пред само пет месеци стапил во брак, а неговата сопруга го очекува нивното прво дете. По веста за неговата смрт, бројни пораки со сочувство упатија негови роднини, соиграчи и претставници на спортската јавност.

Во текот на кариерата Ал Ашкар бранеше за палестинскиот клуб Кадамат Кан Јунис, а претходно настапуваше и за Ал Акса и Ал Мусадар.

ВИДЕО | Уште една драма на Мундијалот: Мароко по изведување пенали ја испрати дома Холандија

ВИДЕО | Американците го претресоа Меси од глава до пети

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот