Фото: Слободен печат/Методи Здравев

ФОТО | Македонија ја победи Ирска и обезбеди втора фаза во битката за Евробаскет 2029

Македонската кошаркарска репрезентација триумфираше против Ирска со 77-56 во Скопје и избори пласман во следната фаза од претквалификациите за Евробаскет 2029.

И покрај проблемите со комплетирањето на екипата, нашите кошаркари ја надминаа Ирска, а натпреварот против Луксембург на гости, кој е закажан за недела, ќе претставува само формалност. Македонија со максимален учинок ќе продолжи во втората фаза, додека Луксембург моментално е втор во групата А, пред Ирска и Азербејџан.

Ирците имаа предност само на почетокот на натпреварот со 2-6, но сè потоа беше во боите на нашата репрезентација. Првата четвртина заврши со 23-16, во полза за Македонија, продолживме со добра игра и во втората, за на паузата нашите да заминат со водство од 11 поени, 38-27. Избраниците на Берокал уште повеќе се разиграа во второто полувреме, а кулминацијата беше водството од 26 поени во средината на последната четвртина. Ирците пред крајот успеаја да намалат на 16 разлика, но нашите кошаркари возвратија за конечни 77-56.

Крилниот кошаркар на Тренто, Андреј Јакимовски беше најефикасен во редовите на нашата репрезентација, забележа „дабл-дабл“ учинок со 19 коша и 13 скока, а додаде и две асистенции. Виктор Ефремовски постигна 12, Војдан Стојановски 10, додека пак натурализираниот Македонец Дивејн Стјуарт имаше седум поени и девет скока, но и се повреди.

Кај Ирците најдобар поединец беше Алајики со 20 коша.

Фото: Слободен печат/Методи Здравев
Фото: Слободен печат/Методи Здравев
Фото: Слободен печат/Методи Здравев

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот