Фото: EPA-EFE/FRIEDEMANN VOGEL

Кејн сега е пред Пеле по бројот на голови на светските првенства

Англичаните го слават својот капитен Хари Кејн кој беше најзаслужен за пресвртот (2:1) против ДР Конго за пласман во осминафиналето на Светското првенство.

Противник на Англија во осминафиналната фаза ќе биде еден од домаќините на Мундијалот, Мексико, на 5 јули на стадионот Ацтека.

Иако ДР Конго водеше по првото полувреме на стадионот во Атланта, играчот на Баерн, во последните 15 минути од мечот двапати ја затресе во мрежата на африканската репрезентација.

Тој втор гол беше неговиот 13-ти вкупно на светските првенства, со што го престигна легендарниот Бразилец, Пеле, кој застана на 12 погодоци.

Моментално Кејн е изедначен со Французинот Жист Фонтен, а врвот моментно е Лионел Меси (Аргентина) со 19 голови, пред Килијан Мбапе (Франција) со 18, следува Мирослав Клосе (Германија) со 16, а Бразилецот Роналдо има 15 додека Герд Милер кој за тогашна Западна Германија запиша 14 голови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот