Шампионката на Ролан Гарос, Мира Андреева го заврши настапот на Вимблдон
Петтата носителка на грен слем турнирот Вимблдон во женска конкуренција, Мира Андреева веќе во второто коло го заврши својот настап, откако загуби од Барбора Крејчикова со 2:1 во сетови 4:6, 7:5, 6:4.
Препорачано
Чешката тенисерка која веќе го има освоено трофејот на Вимблдон пред две години во меч со пресврт и борби до последниот поен постигна голема победа над шампионката на Ролан Гарос.
Во следната фаза Крејчикова ќе игра против нејзината сонародничка Никола Бартункова која славеше против Катерина Синиакова (исто така од Чешка) со 6:2 и 6:4.
Американката Џесика Пегула со 7:6 (6) и 6:1 ја совлада Сара Сорибес Тормо од Шпанија и во следната фаза четвртата носителка на турнирот ќе игра против уште една шпанска тенисерка, Џесика Бузас Манеиро која со 6:3, 6:7 (1) и 6:2 ја елиминираше Украинката Дајана Јастремска.
Швајцарката Белинда Бенчиќ беше поуспешна во дуелто против Ксинју Ванг од Кина (7:5 и 6:0). Следна противничка на Бенчиќ ќе биде Ана Калинскаја која славеше со 6:4, 3:6 и 7:6 (8) против Французинката Диан Пари.
Екатерина Александрова двапати со 7:5 излезе како победничка во мечот против Ланлана Тараруде од Тајланд. Александрова за пласман во осминафиналето ќе игра против Ива Јовиќ од САД која убедливо со 6:1 и 6:2 оствари победа над Татјана Марија од Германија.


