Фото: EPA/FABIO FRUSTACI

Сабаленка ја совлада Кеслер за трето коло, Гоф избегна елиминација на Вимблдон

Светската тенисерка број 1, Арина Сабаленка, денеска се пласираше во третото коло на Вимблдон во женска конкуренција откако ја победи Американката Мекартни Кеслер со 2:0 во сетови 6:1 и 7:6 (9) во меч кој траеше еден час и 39 минути.

Сабаленка во следната фаза на грен слем турнирот ќе игра против Јелена Остапенко од Летонија, која ја победи Хрватката Антонија Ружиќ со 6:2 и 6:0.

Јапонката Наоми Осака исто така се пласираше во третото коло на Вимблдон откако ја победи Анастасија Гасанова со 6-3, 6-2 во второто коло. Следна противничка на Осака ќе биде Дарија Касаткина од Австралија.

Мананчаја Савангкаев од Тајланд, Чехинката Каролина Мухова и Американката Клер Лиу се пласираа во третото коло на Вимблдон.

Савангкаев направи уште едно изненадување на турнирот откако ја совлада Алиша Паркс од САД со 7:5 и 6:0 и за пласман во осминафиналето ќе игра против 10 носителка, Мухова.

Американката Коко Гоф многу потешко од очекувањата славеше против Солана Сиера од Аргентина со 6:3, 3:6 и 7:6 (7) по два часа и девет минути игра.

Гоф налета на силен отпор од Сиера која имаше одлична можност да дојде до голем триумф, откако во тај-брејкот на третиот сет имаше водство од 7:4. Но, американската тенисерка не дозволи сензација, и со серија од шест поени го освои тај-брејкот со 10:7 и дојде до победата.

Во следното коло Гоф ќе игра против нејзината сонародничка Клер Лиу која со 7:5 и 6:3 ја совлада Зејнеп Сонмез од Турција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот