фото: EPA/ISAAC ESQUIVEL

Инкапије доби црвен картон на натпреварот помеѓу Еквадор и Мексико поради кршење на новото правило

Репрезентацијата на Мексико ја совлада репрезентацијата на Еквадор со резултат од 2-0 и избори пласман во осминафиналето на Светското првенство. Стрелци за Мексико беа Џулијан Кинјонес и Раул Хименез.

Во финишот на натпреварот, една ситуација привлече големо внимание. Дефанзивец на Еквадор, Пјеро Инкапије во 94-тата минута доби директен црвен картон по вербален судир со мексиканскиот напаѓач Сантијаго Хименез.

За време на расправијата со рака ја покри устата, а словенечкиот судија Славко Винчиќ, по преглед на снимката на ВАР, одлучи да го исклучи применувајќи го новото правило на ФИФА воведено пред ова Светско првенство. Тоа предвидува директен црвен картон за ваков потег.

Инкапије (24) е еден од клучните играчи на Еквадор. Тој настапува за Арсенал, со кој минатата сезона ја освои титулата во Премиер лигата и играше во финалето на Лигата на шампионите. На 39 настапи за лондонскиот клуб минатата сезона не доби ниту еден црвен картон.

Мексико ќе го игра натпреварот од осминафиналето на 6 јули на стадионот „Астека“, со почеток од 2 часот по македонско време. Противник ќе му биде победникот од дуелот меѓу Англија и ДР Конго, кој е закажан за денеска од 18 часот.

Американскиот селектор Покетино: Секој меч за нас е како финале на Мундијалот

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот