фото/EPA/SHAWN THEW

Судиска грешка на сметка на Шведска, Франција поведе по неправилно изведен корнер

Репрезентацијата на Франција ја совлада Шведска со 3:0 на стартот од елиминациската фаза и се пласираше во осминафиналето. Двоен стрелец беше Килијан Мбапе, а еден гол постигна и Мајкл Олисе.

Сепак, првиот гол на натпреварот, кој беше постигнат по корнер, е под голем прашалник. Иако акцијата беше школски изведена, на снимката јасно се гледа дека корнерот што го изведе Усман Дембеле беше неправилно изведен, бидејќи топката во моментот на изведување била во движење.

И покрај тоа, ниту главниот, ниту помошниот судија, а уште полошо, ниту ВАР-собата, не реагираа и „Триколорите“ поведоа. Уште полошо за Швеѓаните беше што голот падна во најлош можен момент, во 45. минута.

Во второто полувреме Французите со уште два гола рутински ја решија средбата и се пласираа во следната рунда, каде што ќе играат против Парагвај.

Пјаниќ пред мечот САД – БиХ: „Повторно нѐ потценуваат“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот