Фото: EPA/RONALD WITTEK

ВИДЕО | Дали судијата и ВАР системот ѝ наштетија на Англија на мечот против ДР Конго?

Фудбалската репрезентација на Англија после првото полувреме имаше негатива од 1:0 против ДР Конго во 1/16 финалето на Светското првенство.

Пред крајот на првите 45 минути на овој натпревар имаше и еден сомнителен момент. Прашањето останува, дали ВАР им наштети на Англичаните, дали требаше да им биде досуден пенал?

Во контранапад англискиот репрезентативец Хари Кејн ја прими топката во шеснаесетникот, а потоа ја турна топката покрај голманот Мпаси, и според многумина имаше прекршок за удар од белата точка.

Снимката покажува дека има мал контакт, меѓу Мпаси и Кејн, по што веднаш Англичаните се побунија барајќи пенал.

Сепак, главниот судија од Јордан, А. Махадмех не донесе таква одлука, а потоа реагираа и од ВАР собата. Не требаше долго време за проверката, која покажа дека нема пенал.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот