Фото: fcbayern.com

Исмаел Саибари официјално во нападот на Баерн Минхен

Како што и се најавуваше во текот на денот, тоа сега го потврди германскиот фудбалски клуб Баерн Минхен, нов играч на екипата е мароканскиот репрезентативец Исмаел Сабари.

Фудбалерот за врск во нападот, Саибари (25) доаѓа во Баерн од редовите на холандскиот клуб ПСВ Ајндховен. Моментно настапува со мароканската репрезентација на Светското првенство во САД, Мексико и Канада каде што покажува одлични настапи. Мароко успеа да обезбеди пласман во осминафиналето на СП откако на пенали во нокаут фазата ја елиминираше Холандија.

Како што најави баварскиот гигант, Саибари ќе се пресели од холандскиот шампион во Минхен после Мундијалот.

Саибари се согласи за договор со бундеслигашкиот првак до 30 јуни 2031 година, и ќе го носи дресот со број 34.

– Како дете, сонуваш да потпишеш договор со клуб како ФК Баерн – сите знаат дека е еден од најголемите клубови во светот. Баерн се натпреварува за најголемите титули како Лигата на шампионите секоја година, а јас сакам да освојам што е можно повеќе трофеи тука. Играта на клубот ми одговара, можам да играм свој стил на фудбал тука и ќе работам напорно секој ден за да му помогнам на тимот. Тренерот Венсан Компани одигра клучна улога во мојата одлука – се радувам на соработката со него – рече Саибари за клупскиот сајт.

Тој постигна 42 гола и асистираше за уште 29 во дресот на ПСВ, освојувајќи ја титулата во холандското првенство и Суперкупот по три пати, како и Купот на Холандија двапати. Оваа сезона беше прогласен за фудбалер на годината во Холандија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот