Фото: EPA-EFE/MAXIM SHIPENKOV

Москва го предупреди Токио: Американските ракети во Јапонија се директна закана за руските граници

Москва го предупреди Токио дека евентуалното распоредување американски ракетни системи со среден дострел на територијата на Јапонија ќе биде третирано како директна закана за безбедноста на Русија, пренесе Милитарни.

Ставот на Кремљ го соопшти портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, која истакна дека ваквиот чекор би претставувал закана за источните граници на земјата. Според неа, не е важно дали оружјето би било распоредено привремено, ротационо или трајно, бидејќи суштината на безбедносниот ризик останува иста.

Захарова нагласи дека таквите воени потези можат сериозно да ја нарушат рамнотежата и стабилноста во Азиско-пацифичкиот регион. Таа потсети дека Москва повеќепати досега официјално го предупредила Токио за можните последици од соработката со Соединетите Американски Држави во оваа област.

Од Москва најавија дека, доколку се реализираат ваквите планови, Русија ќе преземе соодветни реципрочни мерки. Од руското Министерство за надворешни работи порачаа дека земјата ќе биде принудена да ги зајакне своите одбранбени капацитети за да го заштити националниот суверенитет на Далечниот Исток.

Русија тајно испратила војници во Кина на воена обука

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот