ВИДЕО | Прво големо изненадување на Вимблдон – елиминиран петтиот светски тенисер
Првото коло на Вимблдон донесе и едно големо изненадување, Бен Шелтон, неочекувано го заврши настапот откако беше поразен од финскиот квалификант Ото Виртанен.
Препорачано
По речиси петчасовна битка и вистинска драма, Виртанен славеше со 3:2 во сетови (4-6, 6-3, 7-6, 2-6, 7-6), а победникот беше решен дури во супер тај-брејкот, каде Финецот покажа повеќе смиреност во клучните моменти.
Натпреварот донесе квалитетен тенис, бројни пресврти и неизвесност до самиот крај. Шелтон го доби првиот сет, но Виртанен брзо возврати и израмни. Американецот повторно ја презеде иницијативата освојувајќи го четвртиот сет, откако претходно загуби во тај-брејк, па победникот мораше да биде решен во решавачкиот петти сет.
Во супер тај-брејкот Шелтон имаше и меч-топка, но не успеа да ја искористи. Виртанен ја задржа присебноста, направи голем пресврт и стигна до една од најзначајните победи во својата кариера.
Во второто коло Финецот ќе игра против Британецот Артур Фери, кој претходно со 3:1 во сетови беше подобар од босанскиот тенисер Дамир Џумхур.
UPSET ALERT: No. 4 Ben Shelton is eliminated by No. 140 Otto Virtanen in the first round at #Wimbledon . pic.twitter.com/ki7xuSED0d
— TSN (@TSN_Sports) June 30, 2026
Ѓорческа: Ова беше остварување на сонот, мечот беше голема работа за сите во Македонија
Контроверзно: МТФ одржа прес-конференција додека Ѓорческа играше на Вимблдон


