Фото: Équipe du Maroc

Репрезентативец на Мароко четири пати морал да го менува дресот против Холандија

Мароко по подоброто изведување пенали ја елиминираше Холандија и избори пласман во следната фаза на Светското првенство, а покрај резултатот, вниманието го привлече и необичната ситуација со дефанзивецот Чади Ријад.

Мароканскиот стопер, освен што беше еден од борците на теренот во големата победа на својата репрезентација, стана хит и поради несекојдневниот детал дека во текот на натпреварот дури четирипати мораше да го менува дресот.

Според медиумските извештаи, првиот дрес му беше искинат уште во почетните минути по жесток дуел со холандскиот напаѓач Брајан Броби, по што накратко го напушти теренот за да облече нов.

Сепак, тука не завршија неговите маки. Како што одминуваше натпреварот, следуваа нови силни дуели со Броби, а секој од нив оставаше траги врз неговата опрема. До 75. минута, кога беше повлечен од игра, Ријад веќе четири пати го имаше сменето дресот, што е навистина ретко виден случај на големите фудбалски натпреварувања.

ВИДЕО | Уште една драма на Мундијалот: Мароко по изведување пенали ја испрати дома Холандија

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот