Џонатан Та/Germany Football Team

За германскиот трагичар пеналот кој го промаши против Парагвај бил прв изведен во кариерата

Германската репрезентација го заврши настапот на Светското првенство по драматичната пенал серија против Парагвај, а по елиминацијата во фокусот на јавноста се најде Џонатан Та.

По петте серии резултатот беше израмнет (3:3), а одлуката падна во шестата серија. Одговорноста ја презеде стоперот на Баерн Минхен, но неговиот удар заврши високо над голот и практично ја запечати елиминацијата на Германија. За Та тоа беше првиот изведен пенал во неговата професионална кариера.

Според германскиот весник „Билд“, неколкумина поискусни репрезентативци одбиле да го преземат шестиот удар, по што Та самиот се пријавил да шутира во еден од најважните моменти на натпреварот.

Во тие моменти на теренот сè уште беа Леон Горецка, Валдемар Антон, Натаниел Браун, Малик Тијау и капитенот Мануел Нојер. Претходно, според редоследот што го одреди селекторот Јулијан Нагелсман, пенали изведоа Каи Хаверц и Ник Волтемаде, кои не реализираа, додека Џошуа Кимих, Џамал Мусијала и Надием Амири беа прецизни.

Разочарувањето за Та е уште поголемо ако се земе предвид дека во продолженијата постигна гол со глава, кој по интервенција на ВАР беше поништен. Тој погодок ќе ѝ донесеше пласман на Германија во следната фаза, но тоа не се случи.

Победата на Мароко над Холандија предизвика нереди во Хаг, уапсени се 13 луѓе

ВИДЕО | Уште една драма на Мундијалот: Мароко по изведување пенали ја испрати дома Холандија

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот