Фото: Принтскрин

Победата на Мароко над Холандија предизвика нереди во Хаг, уапсени се 13 луѓе

Тринаесет лица беа уапсени од холандската полиција во Хаг по нередите и насилните инциденти насочени кон безбедносните сили, кои избувнаа по победата на Мароко над Холандија по изведувањето пенали, со што Мароканците обезбедија пласман во следната рунда на Светското првенство 2026.

Според полицијата, повеќе навивачи фрлале камења и огномети кон полициски службеници, а за време на прославата во населбата Шилдерсвајк биле активирани и моќни пиротехнички средства. Подоцна, мета на напади станале и полицајци на мотоцикли, кон кои биле фрлани различни предмети, додека дел од младите користеле специјално изработени пиштоли за испукување пластични проектили кон полицајците, пренесуваат холандските медиуми.

Прославата започнала веднаш по последниот судиски свиреж, кога навивачите мавтале со марокански знамиња, возеле низ градските улици и непрекинато свиреле со автомобилските сирени во чест на пласманот на „Атласките лавови“ во следната фаза.


Околу половина час по крајот на натпреварот, прославата ескалирала. Колоната навивачи што се движела кон улицата Марктвег почнала да фрла предмети и да ги блокира јавните сообраќајници.


Специјалната полиција интервенирала така што со штитови ги оттурнала насобраните лица, а употребила и воден топ за да ја растера толпата, потврди портпарол на полицијата.


Градоначалникот на Хаг, Јан ван Занен, изрази жалење за инцидентите, истакна дека навивачите излегле на улиците за да го прослават натпреварот, но дека „за жал, сите немале намера да прослават“. Тој нагласи дека „насилството врз полициските службеници е неприфатливо и нема никаква врска со прославувањето на фудбалскиот успех“.

ВИДЕО | Сензација: Парагвај ја елиминираше Германија на пенали за осминафинале

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот