Иван Чупиќ/ RK Vardar 1961

Чупиќ: Кога ќе почнеме да играме, ќе знаеме дали овој формат на ЛШ е подобар

Македонскиот шампион Вардар по пауза од четири години се враќа во најелитното европско натпреварување и тоа во сезона во која натпреварувањето ќе се игра во нов формат.

Во пресрет на новата сезона, тренерот Иван Чупиќ истакна дека сите во клубот со нетрпение го чекаат стартот на сезоната.

„Прв впечаток? Многу сме среќни и задоволни што после четири години ќе играме Лига шампиони, така што со нетрпение го очекуваме септември и да го започнеме нашиот пат во најелитното клупско натпреварување“, вели Чупиќ.

Чупиќ вели дека најважно за Вардар е да биде конкурентен во сите натпревари.

„Секој противник е различен и за секој противник треба посебно да се подготвиме. Но за Вардар најважно е да бидеме конкурентни. Имаме шест натпревари во групната фаза. Сакам да видам јак, борбен, тимски Вардар со заедничка цел да ја поминеме групната фаза. Ќе имаме прилика да видиме до каде сме и на што може да се надеваме во оваа група.“

Дали е подобар новиот формат за вардарци ќе знаат откако ќе играат.

„По прв пат се игра во овој формат, па кога ќе имаме повеќе искуство ќе видиме дали е подобар или не, а и да се види просторот за грешки што може да се направат. Ние сакаме да го дадеме максимумот на секој натпревар и да пробаме да се пласираме во Главната фаза. Лигата на шампионите е многу тешко натпреварување и секоја екипа која е овде заслужува да биде дел од него. Просторот за грешка на секој натпревар е мал, па секој натпревар ќе биде тежок.“

Комплетното интервју на Чупиќ можете да го прочитате на клупскиот сајт на Вардар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот