Фото: EPA/JAMES ROSS

Ѓоковиќ: „Под итно мора да има промени во тенисот“

По успешниот старт на Вимблдон и пласманот во второто коло, Новак Ѓоковиќ не зборуваше само за натпреварот, туку се осврна и на проблемите кои, според него, сериозно го оптоваруваат професионалниот тенис, пренесува „Арена спорт“.

Една од главните теми беше сè поголемиот број повреди меѓу тенисерите, особено кај помладата генерација. Српскиот ас смета дека главната причина е пренатрупаниот календар и сè поизразената желба на организаторите да го зголемат комерцијалниот потенцијал на најголемите турнири.

„Добро прашање. Точно е дека статистиката покажува сè поголем број повреди. Постојат две страни на приказната. Комерцијалниот аспект сè повеќе доаѓа до израз и постојано се бараат нови начини за дополнителна заработка – турнирите траат сè подолго, се воведуваат нови натпреварувања во веќе пренатрупаниот распоред… Денес не играм ниту приближно колку што играв порано и ја имам таа привилегија да не сум изложен на таков интензитет како повеќето играчи. Голема промена се случи кога мастерс-турнирите станаа двонеделни, а јас уште од самиот почеток бев против тоа. Од деловен аспект можеби носи поголема вредност, но за кого? Главно за сопствениците на турнирите. Играчите мора подобро да ја разберат позадината на тој триесетгодишен договор и да сфатат дека таквиот систем не им оди во прилог онолку колку што можеби мислат“, изјави Ѓоковиќ.

Поранешен полуфиналист на Вимблдон го заврши настапот во првото коло

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот