Владо Јаневски / Фото: „Слободен печат“/Драган Митрески

Обожавателка на Владо Јаневски сподели нераскажана приказна за него: „Бакна десет девојчиња на концерт“

Досега нераскажана приказна за Владо Јаневски на Фејсбук сподели негова обожавателка, сеќавајќи се на поп-ѕвездата од времето кога била дете до денес.

Наталија Наумовска се присети на деновите кога Владо на крајот од 1990-тите пеел во Кичево.

„На концертот во Кичево, во сала ’Јанчица’, Владо Јаневски кога ја пеел песната ‘Десет девојки’ во период од 1997 до 1999 година (не се сеќавам точно која година било), бакнувал во обравче десет девојчиња од прв ред во публиката.

Меѓу тие сум била и јас, а сум имала од три до шест години максимум и, за жал, не ми текнува на моментот, а толку силно ми е врежан во сеќавање како спомен кој ми го раскажувале моите што го посведочиле моментот. Драг спомен кој вреди да остане запишан овде.

И жалам што само двапати сум му била на концерт во период со разлика од 30 години и што немам да имам можност повеќе да го слушнам во живо.

Како и да е, малата Наталија која била бакната од Владо на три години си го живееше својот сон триесет години подоцна да го слуша во живо повторно пред уште побројна публика, покрај човекот кој го одбра за да чекорат заедно по животните патеки“, раскажа Наталија и рече дека е тажна што со својот сакан повеќе нема да го слушаат Владо на концерт.

„Два концерта – еден раскажан преку туѓи спомени и еден што ќе го помнам засекогаш, а тага дека никогаш повеќе нема да се собереме сите заедно пак за да го слушаме Владо како ги пее своите евергрини и да ги пееме на цел глас.

Погласно на ниеден концерт не сум пеела, а не бев свесна дека го гледам и слушам во живо за последен пат. Патувај легендо, нека ти е светол патот!“, сподели Наталија Наумовска.


Владо Јаневски почина на 28 јуни во Скопје по кусо боледување. Многу познати личности, негови пријатели се простија од него на социјалните мрежи. На 27 ноември, тој ќе наполнеше 66 години.

„Малечок бев и уште не знаев дека плачат и возрасни“: Владо Јаневски три децении го пишуваше она што сите го чувствувавме

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот