Христијан Мицкоски Фото: Фејсбук

ЗНАМ ќе се помири со земјоделство, Вреди ја добива правда, здравството оди кај ВМРО-ДПМНЕ, потврди Мицкоски

Премиерот Христијан Мицкоски попладнево за телевизија Телма потврди дека во владината рекоснтрукција Министерството за здравство ќе го добие кадар на ВМРО-ДПМНЕ, Министерството за правда оди кај коалицискиот албански партнер Вреди, а ЗНАМ ќе го добие Министерството за земјоделство.

ЗНАМ освен што го добива ресорот земјоделство, дополнително се очекува да добие и уште едно заменик министерско место во текот на есента.

Вреди ќе управува со ресорите култура, правда и Министерството за политички систем (поранешното министерство за Рамковен договор).

Мицкоски потврди дека се во тек интензивни преговори со Турската демократска партија (ТДП) за влез во владината коалиција предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Оваа партија во моментов има еден пратеник во Собранието.

„Разговараме за подолг период, стратешко партнерство кое би траело до локалните избори во 2029 година. Со ова дополнително ќе се зголеми владиното мнозинство,“ изјави Мицкоски.

Во 19 часот почнува седницата на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, каде лидерот на владејачката партија пред највисокото раковоство ќе ги обелодени имињата на новите министри, по што тие ќе бидат соопштени и на јавноста.

За Телма, Мицкоски одби да ги каже имињата на новите министри, и истакна дека повеќе ќе нема министер за добро владеење, туку таква функција ќе врши кадар од Кабинетот на премиерот.

ВМРО-ДПМНЕ, потврди Мицкоски, со реконструкцијата на Владата ќе го добие и Министерствити за социјална политика, труд и млади, што сега го раководеше кадар на Вреди.

 

Нема правда за ЗНАМ, за Вреди преодна „шестка“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот