ФОТО+ВИДЕО | „Да, јас и Амбер бевме љубовници, Џони Деп беше луд од љубомора“: Манекенката по години молчење шокираше со изјавата
Славната британска манекенка Кара Делевињ го прекина долгогодишното молчење и ги потврди повеќегодипните шпекулации за врската со Амбер Херд по нејзиниот турбулентен развод од холивудската ѕвезда Џони Деп. Кара и Амбер беа пријателки многу години и често заедно одеа на забави, па и тогаш се појавија гласини дека нивното пријателство прераснало во нешто повеќе.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Со години медиумските рубрики беа исполнети со гласини за природата на односот помеѓу двете славни жени, но дури во понеделникот Кара одлучи да ја изнесе својата страна од приказната во „Поткастот на Луј Теру“. Иако нивните претставници со години ги избегнуваа коментарите, славниот британски топ модел сега отворено призна дека таа и 40-годишната Херд станале љубовници во периодот кога актерката законски се разделила од Џони Деп.
View this post on Instagram
Од пријателки до љубовници
Кара и Амбер се познаваат уште од 2014 година, но нивната врска почна да привлекува интензивно внимание на јавноста во текот на летото 2016 година, кога често беа видени заедно во јавност. Манекенката објаснила во поткастот дека станале љубовници додека Херд поминувала низ турбулентниот процес на развод од Деп.
– Бевме блиски долго време, а потоа кога тие минуваа низ разводот, да, бевме вплеткани. Но, таа беше вплеткана и со други луѓе – рекла Кара.
На прашањето за љубомората на Џони Деп, Кара одговорила: „Тоа е затоа што заедно снимавме филм, а се викаше „Лондонски полиња“. И тој го снимаше тој филм. Мислам дека љубомората мошне го излудуваше. Во тој момент, ништо не се случуваше. Подоцна, откако се разведоа, да, се случи.“
View this post on Instagram
Вистината за гласините за Илон Маск
Ова признание доаѓа шест години откако во 2020 година се појавија бизарните тврдења за „аферата во тројка“ во која беа вклучени Кара, Амбер и милијардерот Илон Маск. Овие обвинувања се појавија за време на тужбата за клевета на Деп, но Маск тогаш жестоко негираше каква било интимност со Делевин. Во тоа време, сопственикот на „Тесла“ инсистираше дека тој и манекенката се само пријатели и дека тој почнал да се забавува со Амбер само еден месец откако таа поднела барање за развод.
Меѓутоа, Џони Деп тврдеше дека неговата поранешна сопруга го изневерила за време на нивниот брак. И не само тоа. Деп откри во судницата дека Амбер Херд била во центарот на „тројката“ во која се вклучени најбогатиот човек во светот Илон Маск и супермоделот и актерка Кара Делевињ. Видеото објавено од „Попкорнд планет“ објавено во тоа време, сугерираше дека Херд навистина имала афера со Кара Делевињ.
„Попкорнд планет“ објави неколку фотографии на кои се гледаше како Амбер Херд ја бакнува Кара Делевињ.
Фотографиите можеби биле направени по разделбата меѓу Деп и Херд. Сепак, лифтот прикажан на фотографиите се наоѓа во зградата каде што двајцата Деп и Херд живееле заедно.
Отворена за сексуалност
Познатата манекенка веќе навестуваше за својата сексуалност, споменувајќи во поткастот „Call Her Daddy“ дека „спиењето со пријатели“ ѝ помогнало подобро да се разбере себеси. Таа објасни дека во таквите односи наоѓа сигурност. Додека Кара сега отворено зборува, Амбер Херд во меѓувреме се повлече од јавноста и се посвети на мајчинството, а денес се грижи за ќерката Уна и близнаците Агнес и Оушн.
По јавниот развод, Амбер Херд се пресели во Мадрид со својата ќерка и со Бјанка Бути, со која беше во врска во тоа време. Во меѓувреме, Кара почна да се декларира како хомосексуалка и е четири години во врска со музичарката Минке.
Пријател на Деп се расплака на суд: Многу луѓе се погодени од оваа злонамерна лага
Амбер Херд го изневерувала Џони Деп и со Кара Делевињ: „Фатени“ на дело
ФОТО | Колку наследници има Илон Маск, новиот сопственик на Твитер


