Пријател на Деп се расплака на суд: Многу луѓе се погодени од оваа злонамерна лага

Еден од блиските пријатели на Џони Деп се расплака за време на судењето додека зборуваше за „злонамерната лага“ на Амбер Херд, велејќи дека тој само сака поранешните партнери едноставно да се опорават од сето тоа, пренесуваат странските медиуми.
58-годишниот Деп ја тужи својата 35-годишна поранешна сопруга Амбер Херд за клевета и бара 50 милиони долари за наводите за семејно насилство што таа ги изнесе во напис во „The Washington Post“.

Исак Барух, еден од пријателите на Деп од детството, беше еден од неколкуте луѓе што сведочеа на суд, а во еден момент тој стана видно емотивен.
„Сакам сево ова да заврши – таа да заздрави, тој да заздрави. Толку многу луѓе се погодени од оваа злонамерна лага што таа ја започна и ја создаде. Не е фер, не е во ред тоа што таа го направи и што се случи. Ова влијае на многу луѓе“, рече тој.

Според новинарката Керолин Патрикис, судењето на Деп се одвива добро по сведочењето на неговиот пријател. Се наведува дека Херд рекла дека Џони ја удрил, но на нејзиното лице немало траги.
Барух го прашале што мисли за Амбер, а тој рекол дека сопругата на неговиот пријател е супер и дека ја почитувал.

„Ја сакав исто како Џони… Ме третираше со целосна почит и беше многу смешна. Постојано ми нудеше храна и пијалок кога ќе дојдев кај нив“, рекол тој.
Барух исто така истакнал дека Деп и Херд отсекогаш се сакале. Тој изјави дека никогаш не сведочел на насилство и дека пред него се скарале само два пати.
Повеќе написи на темата:
Продолжува судската битка: Џони Деп ја тужи Амбер Хард за клевета
Почна судењето: Адвокатите на Деп тврдат дека тој трпел насилство од Амбер Херд, а не обратно
ВИДЕО | Шокантни тврдења на суд: Џони Деп пенетрирал со шише во Амбер Херд откако ја претепал