Почна судењето: Адвокатите на Деп тврдат дека тој трпел насилство од Амбер Херд, а не обратно

џони деп
Џони Деп и Амбер Херд / Фото: Принтскрин/Јутјуб

Вчера започна едно од најочекуваните судења во Холивуд. Џони Деп и неговата поранешна сопруга Амбер Херд вчера се соочија на суд. Деп ја тужи Херд за клевета, а неговите адвокати во воведниот говор, како што пренесува порталот „Unilad“, тврделе дека Херд неповратно му наштетила на неговата кариера.

Тие истакнале дека неговата репутација засекогаш се променила и дека лажните обвинувања против актерот лесно можат да му ја уништат кариерата. Неговите адвокати тврдат дека актерот всушност е жртва на злоупотреба и дека претрпел и физичко и психичко малтретирање од Амбер Херд.

Актерката пред судот беше претставена како манипулатор

„Херд е проблематична личност која манипулира со луѓето околу себе исто како што манипулираше со Џони Деп“, посочиле тие.

Како аргумент било наведено дека Деп наводно се криел во бањата за да ги избегне нејзините изливи на гнев, а неговата помошничка редовно им резервирала посебни соби за да може тој да се сокрие некаде доколку таа одеднаш се разлути.

Тие, исто така, истакнаа дека Херд е виновна за „драматичните сцени на раскинување на нивната врска“ и дека таа ја претворила целата работа во приказна за семејно насилство. Дополнително, тие истакнаа дека е опседната со својот имиџ во јавноста и дека врз основа на искривената слика за нејзината врска со Џони Деп, станала амбасадорка на движењето „MeToo“.

„Таа се подготвуваше да ја игра улогата на животот во ова судење“

Поранешната двојка е на суд затоа што Деп ja тужеше Херд поради написот во „Washington Post“ од 2018 година во кој актерката прозборе за насилството и семејното малтретирање што го доживеала.

Повеќе написи на темата:

 

Продолжува судската битка: Џони Деп ја тужи Амбер Хард за клевета

 

Судот застана на страната на актерот: Џони Деп побара доказ дека Амбер Херд ги донирала седумте милиони долари од разводот

 

Можна нова разврска: Дали полициските снимки се доказ дека бившата жена на Џони Деп лажела?

 

Холивуд го бојкотира: По скандалот со Амбер кариерата на Џони Деп „тоне“

 

Продолжува судската драма меѓу Џони Деп и Амбер Херд: Многу познати имиња на списокот на сведоци

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот