Судот застана на страната на актерот: Џони Деп побара доказ дека Амбер Херд ги донирала седумте милиони долари од разводот

џони деп амбер
Фото: Профимедиа

Актерот Џони Деп „извојува“ нова победа во судската битка против поранешната сопруга Амбер Херд, односно беше прифатено неговото барање да се докаже дека актерката го исполнила ветувањето дека ќе ги донира седумте милиони долари што ги доби од него по разводот.

Актерската двојка се разведе во 2017 година, но до оваа година се водеше судската битка, во која двајцата меѓусебно се обвинуваа за малтретирање.

џони деп амбер хард
Фото: Profimedia

„Господинот Деп е благодарен што судот го одобри неговото барање да се отворат документите со кои ќе се докаже дали Амбер ги донирала парите од нивниот развод во 2017 година“, изјави адвокатот на актерот.

Деп се решил на ваков потег откако неговите адвокати дошле до докази дека наводно Амбер излажала дека ќе ги донира сите пари во детската болница во Лос Анџелес.

џони деп и амбер хард
Фото: Profimedia

Според ЕндруКалдекот, еден од адвокатите на Деп, Амбер кажала „искалкулирана и манипулативна лага“ дека ќе донира во хуманитарни цели, само со цел да го победи актерот и да создаде лоша слика за него.

Деп го загуби случајот и против британскиот весник „Сан“ кога судијата пресуди дека насловот во кој се пишуваше за него како за „тепач на жени“ е делумно точен.

Profimedia
Фото: Profimedia

Адвокатите на Херд инсистираат дека таа не лажела за донацијата, бидејќи направила договор да ги исплати парите постепено во тек на следните десет години.

„Досега таа направи неколку уплати за таа цел“, тврди Адам Волански, адвокат на актерката.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот